Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 280
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

По летниот распуст, училиштата повторно се исполнија со детски џагор, насмевки и возбуда

Најпосебен беше денот за нашите првачиња, кои за првпат седнаа во училишните клупи, ги запознаа своите наставници и другарчиња и започнаа едно ново поглавје во животот. Градоначалникот Игор Каравилоски ги посети двете централни училишта – ООУ „Манчу Матак“ во Кривогаштани и ООУ „Јонче Смугрески“ во Обршани, каде што имаше задоволство да им додели на првачињата […]

Поделени повеќе од 100 хуманитарни пакети за наши сограѓани

Грижата за лицата и семејствата на кои им е потребна поддршка останува еден од приоритетите на Општина Кривогаштани. Преку соработката на Општина Кривогаштани со Здружението „Центар за развој и едукација“ – Прилеп, во изминатиот период до нашите сограѓани беа доставени повеќе од 100 хуманитарни пакети со основни прехранбени производи и средства за хигиена, наменети за […]

СО „БЕЛА НОЌ“ ГО ЗАОКРУЖИВМЕ „КУЛТУРНО – СПОРТСКОТО ЛЕТО КРИВОГАШТАНИ 2026

Со „Бела ноќ“, во организација на здружението „УРБАНО ГНЕЗДО“, со музичка програма, многубројна публика и одлична атмосфера, успешно ја заокруживме програмата од „КУЛТУРНО – СПОРТСКОТО ЛЕТО КРИВОГАШТАНИ 2026“ Во изминатите денови Општина Кривогаштани беше домаќин на повеќе разновидни настани: турнирот во мал фудбал, концертот на Врбјанска Чука, театарската претстава „Девојките на Марко“, меморијалниот турнир во […]

Кривогаштани живееше во ритамот на традицијата, музиката и добрата атмосфера – ФЕСТИВАЛ НА ПИПЕРКАТА 2026

Пред исполнет плоштад и со бројни посетители од нашата и од соседните општини, успешно го заокруживме годинешното издание на „Фестивалот на пиперката“. Најмладите уживаа во детската програма „Магијата на пиперките“, а изложбените штандови понудија локални производи, преработки од пиперка и традиционални специјалитети подготвени по автентични рецепти. За одличната музичка атмосфера се погрижија Пајак, Мелос Бенд, […]

Општина Кривогаштани со висок степен на фискална транспарентност

Според најновата анализа на Центарот за економски анализи за периодот 2025–2026 година, Општина Кривогаштани освои 15 од максимални 16 поени и се вбројува меѓу 29-те општини со висок степен на буџетска транспарентност. Во однос на претходниот период, резултатот е подобрен за два поени, додека даночната транспарентност достигна 71%, со значителен раст од 17 процентни поени.

„Девојките на Марко“, во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за прв пат се одигра на отворено небо и тоа во Кривогаштани

Кривогаштани покажа дека знае да ја препознае и да ја сака вистинската уметност! Продолжуваме да создаваме можности за уште многу вакви вечери, затоа што Општина Кривогаштани заслужува култура, уметност и настани што нè обединуваат сите нас.

Едукативен форум театар со полна сала публика во Кривогаштани

Денес, во Домот на културата во Кривогаштани, се одржа Форум театарот на тема „Насилство и врсничко насилство“, организиран во соработка меѓу Општина Кривогаштани и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, како дел од активностите по повод глобалната кампања „16 дена активизам против родово заснованото насилство“. Настанот понуди интерактивен театарски пристап преку кој младите учесници […]

Средба со Centro Sportivo Italiano Bari – Италија CSI Comitato di Bari

Денес градоначалникот на Општина Кривогаштани оствари продуктивна средба со гостите од Centro Sportivo Italiano Bari – Италија CSI Comitato di Bari. Се разговараше за можностите за заедничка соработка во промоција на спортот, како и за имплементација на пристапи за инклузивност во спортските активности во локалната заедница. Дополнително, го посетија Младинскиот центар во Кривогаштани и Основното училиште […]

Општина Kривогаштани доби ново специјализирано возило за собирање отпад

Општина Кривогаштани денес доби ново специјализирано возило за собирање и транспорт на комунален отпад, наменето за потребите на ЈП „Пелагонија“. Возилото е обезбедено во рамките на Регионалниот проект за управување со цврст отпад, преку кој се воспоставува современ систем за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот Регион. Проектот се спроведува од Министерството за животна […]