Денеска кој што е иинвестиција тешка 300.000 пари обезбезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Инаку ова е еден од најсовремено уредените добиточни пазари во Македонија.
„Ова е фактички првата фаза од изградбата на сточниот пазар. Општина Кривогаштани има во план во наредните години со нов повик преку Агенцијата да ја реализира и втората фаза од изградбната на пазарот, што ќе опфати уште поголем број на боксови како и мини кланица за потребите на лицата кои ќе ја носат тука стоката. Планираме покрај тоа во втората фаза да се направи и еден специјален бокс и за живина. Што комплетиирано со новиот зелен пазар чија изградба ќе започне наскоро, а кој ќе се наоѓа веднаш до сточниот пазар, ќе се добие еден целосен комплекс кој ќе го користат сите жители на Македонија и пошироко“, изјави Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.
Од општина Кривогаштани велат дека од наредната година на овој сточен пазар било планирано да се организираат и саеми за стока, каде би се изложувале примероци не само од Македонија, туку и од околните балкански држави.
„Самиот сточен пазар располага со 37 боксови за крупна стока со капацитет од 170 грла и тоа крупна стока или 240 телиња. Располага со 20 бокса со капацитет од 200 грла овци и 20 бокса со капацитет од 20 грла свињи“, рече Благоја Христоски, директор на ЈП „Пелагонија“ – Кривогаштани.
На денешниот прв ден од неговото отворање, пазарот беше преполн и сточарите бараа место повеќе каде да ги сместат животните кои ги продаваат. Тие се задоволни од тоа како е изграден пазарот.
„Пазарот како што гледате во Кривогаштани е топ, преполн е. Има една нормална цена која се движи од 95 до 105 денари за килограм. Претежно народот е задоволен, нема засега подобра цена. Инаку пазарот е добар, супер е уреден, со боксови, покриен е“, велат дел од сточарите.
Од јавното преприијатие „Пелагонија“ од Кривогаштани велат дека секое животно кое се носи на пазарот морало да има ушна маркица, пасош за идентификација и издадено здравствено уверение од надлежното ветеринарно друштво. Без тие документи немало да биде дозволен влез на животно на сточниот пазар