Денес започна асфалтирањето на трите улици во општина Кривогаштани со што населените места Обршани, Бела Црква, Воѓани и Кривогаштани ќе добијат целосно нови асфалтирани улици кои досега се наоѓаа во лоша состојба.
Општина Кривогаштани преку Светска Банка успеа да обезбеди 12.000.000 денари со кои средства се ќе се асфалтираат трите улици во должина од 2334 метри од кои населеното место Бела Црква и н.м Воѓани ќе се поврзат со асфалтна улица во должина од 765 метри, додека н.м Обршани и Кривогаштани ќе добијат две улици во должина од 875 односно 694 метри.