Home / ГРАДЕЖНИ ДОЗВОЛИ / ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ЌЕ ГРАДИ НОВА ФАСАДА И АДАПТАЦИЈА НА НАДГРАДБАТА НА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА, ЗЕЛЕН ПАЗАР И НОВО ЛЕД УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ЌЕ ГРАДИ НОВА ФАСАДА И АДАПТАЦИЈА НА НАДГРАДБАТА НА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА, ЗЕЛЕН ПАЗАР И НОВО ЛЕД УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски потпиша договор со Министерството за финансии за реализација на проект за подобрување на општинските услуги преку ИПА во висина од 260 000 евра со кој општината ќе гради нов зелен пазар со пазар за млечни и месни производи, нова фасада на општинската административна зграда во Кривогаштани со адаптација на доградбата над домот на културата со уредување на нови канцелариски простории и нова кровна конструкција како и промена на постоечкото улично осветлување со нови ЛЕД светилки на сите регионални патни правци кои поминуваат низ територијата на општината.

Општинска зграда 4

Општината веќе започна со подготвување на тендерската документација за избор на изведувач кој ќе го реализира проектот чие отпочнување се очекува да биде за 2 до 3 месеци за до крајот на годината општина Кривогаштани да добие нова фасада, канцеларии, зелен пазар и ново лед осветлување.

Покрај овие три проекти, веќе во Понеделник започнуваат градежните активности за изградба на плоштадот во центарот на општината веднаш до општинската зграда како и изградба на модерен  кружен тек  на раскрсницата во центарот на Кривогаштани, додека во непосредна близина на општинската зграда ќе се постави 30 метарски јарбол кој е донација од Владата на РМ со што општина Кривогаштани ќе има современо уреден центар и целосно ќе го промени својот изглед со што ќе го има еден од најмодерните општински центри во државата и ќе добие изглед на модерно мало градче.

опстинска зграда2

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Се реновира мултифункционалната сала во Кривогаштани

Со претставата Рибарот и рипката во изведба на театарската група Ѓорѓи Колозов, ...