Денес во 8 населени места во општина Кривогаштани беше фрлен светиот крст, а општината на најсреќните кои успеаја да стигнат до крстот им додели пригодни награди. Исто така општината оваа година беше домаќин во Кривогаштани за овај празник со што продолжи да се негува една долговековна христијанска традиција. Покрај подароците за оние кои го фатија светиот крст, на Храмот Свети Никола во Кривогаштани од страна на градоначалникот Тони Заткоски беше доделена икона во чест на овогодинешната организацијата на одбележувањето на празникот Богојавление – Водици.
Општината и нарeдните години ќе продолжи да ја негува оваа традиција во сите населени места во општината каде што се организира фрлање на светиот крст.