Во општина Кривогаштани на големо се чувствува новогодишната еуфорија, насекаде се поставени светилки, накитени елки, украсени столбови и паркови, за радост на најмладите. Оваа година општина Кривогаштани се подготвува за голем организиран дочек на новата година во центарот на Кривогаштани каде што присутните ќе ги забавувааат естрадните уметници Спасен Силјаноски и Next Time – Браќата Мартин и Стефан кои ветуваат луда и незаборавна забава. Општината веќе години наназад се држи во чекор со најголемите општини во државата со што претставува пример за успешна рурална општина која пополека но сигурно од ден во ден наликува на мало градче.