Општина Кривогаштани склучи договор со ЕВН Македонија за промена на досегашната дистрибутивна мрежа со нова подземна дистрибутивна линија со што ќе се подобри естетиката и ликот на центарот на општината додека жителите на општината ќе ги почувствуваат бенефитите на овај зафат со тоа што целосно ќе се отстранат дефектите и прекините на електричната енергија што досега го попречуваа нормалното функционирање на домаќинствата. Со реализацијата на овај проект општината продолжува со својата забрзана модернизација и имплементација на проекти по европски стандарди со што во голема мера ќе се зголеми квалитетот на живеење на жителите на општината.