Во текот на вчерашнио ден Општина Кривогаштани во соработка со Комфи Ангел и CLS Equipment во новата итна медицинска помош во Кривогаштани донираа опрема во постелнини, компјутер со печатач како и нов телевизор. Со ова се овозможува непречено функционирање на итната помош со што жителите на општината и соседните населени места ќе добијат огромен бенефит за своето здравје. Градоначалникот на општина Кривогаштани и Директорката на здравствен дом го посетија дежурниот персонал, со цел овозможување на сите потребни услови за непречено функционирање на проектот.