Доцна синоќа се одржа петтата форумска сесија од програмата форуми во заедницата која се спроведува во Општина Кривогаштани со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка со подршка на ЗЕЛС и ЕКФ. На оваа форумска сесија се изврши гласање и приоретизирање на предлог проектите од граѓаните каде право на глас имаше секој граѓанин кој присуствувал на најмалку 3 форумски сесии. Граѓаните на општината дадоа приоритет на капиталните инфраструктурни објекти како патишта и канализациони мрежи во своите населени места. Во оваа програма предвидено е да се одржи уште една форумска сесија во втората половина на идната година каде што граѓаните ќе имаат можност да ја оценат реализацијата на сега предвидениот буџет.