Денес градоначалникот на Општина Кривогаштани оствари продуктивна средба со гостите од Centro Sportivo Italiano Bari – Италија CSI Comitato di Bari. Се разговараше за можностите за заедничка соработка во промоција на спортот, како и за имплементација на пристапи за инклузивност во спортските активности во локалната заедница.
Дополнително, го посетија Младинскиот центар во Кривогаштани и Основното училиште „Манчу Матак“, каде што се запознаа со нивната работа, потреби и потенцијали за развој на инклузивни програми за младите.
Продолжуваме заеднички да градиме можности за спорт достапен за сите! ![]()
![]()
![]()
![]()